Посочи дека општината заедно со жителите веќе покренала иницијатива, која е потпишана од граѓаните, а истовремено упатила и барање до надлежните институции и ресорните министерства активно да се вклучат во решавањето на проблемот, со оглед дека станува збор за прашање кое не е исклучиво во надлежност на локалната самоуправа
Најави дека наскоро ќе биде достапна и онлајн-апликација преку која граѓаните ќе можат да ја следат бучавата во реално време на клучните точки во општината, вклучително и во Капиштец. Податоците ќе бидат јавно достапни преку ГИС-платформата и веб-страницата на Општина Центар
Жителите на Капиштец на собирот побараа засилено полициско присуство во населбата во вечерните и ноќните часови, поради нарушување на јавниот ред и мир во околината на угостителските објекти
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги сослуша барањата на жителите од скопски Капиштец, кои излегоа на собир, изразувајќи незадоволство од прегласната музика од околните угостителски објекти и нарушувањето на јавниот ред и мир во населбата.

„Ги слушнав нивните забелешки, предлози и барања, а заеднички разговаравме за можните решенија и мерките што Општина Центар ги презема во рамки на своите надлежности“,
напиша тој на својот фејсбук-профил.
Според него, проблемот со прегласната музика во населбата Капиштец е континуиран и дека за негово решавање е неопходно вклучување на сите надлежни институции.
Посочи дека општината заедно со жителите веќе покренала иницијатива, која е потпишана од граѓаните, и упатила барање до надлежните институции и ресорните министерства активно да се вклучат во решавањето на проблемот, со оглед дека станува збор за прашање кое не е исклучиво во надлежност на локалната самоуправа.
„Континуирано се справуваме со проблемот со прегласната музика во Капиштец. Покренавме иницијатива со жителите и побаравме сите надлежни институции да се вклучат. За жал, и покрај повеќето координативни средби, на терен не добивме соодветна поддршка“,
вели градоначалникот.
Општината, додаде дека редовно спроведува контроли и изрекува санкции во рамки на своите овластувања, а на повеќе локации се поставени дигитални мерачи за бучава.

Најави дека наскоро ќе биде достапна и онлајн-апликација преку која граѓаните ќе можат да ја следат бучавата во реално време на клучните точки во општината, вклучително и во Капиштец. Податоците ќе бидат јавно достапни преку ГИС-платформата и веб-страницата на Општина Центар.
„Ќе продолжиме да бидеме присутни на терен и во директна комуникација со граѓаните, затоа што само преку заеднички дијалог можеме да дојдеме до трајни решенија за подобар квалитет на живот во секоја населба“,
рече Герасимовски.
Жителите на Капиштец на собирот побараа засилено полициско присуство во населбата во вечерните и ноќните часови, поради нарушување на јавниот ред и мир во околината на угостителските објекти. Укажаа и на узурпација на јавни површини и несоодветно однесување на дел од посетителите на локалите.
