Минатата недела „Газпром“ ја обвини Украина дека го прекинала снабдувањето со гас што минува низ земјата на пат кон Молдавија, наводи што Киев веднаш ги негираше. Од руската државна компанија додадоа дека од понеделник, односно од денеска би можела да започне со намалување на протокот на гас
Руската државна компанија „Газпром“ ја повлече заканата дека ќе ја намали испораката на гас за Молдавија, но нагласи дека го задржува правото да го намали или запре снабдувањето во иднина доколку Молдавија не ги изврши договорените плаќања, јавуваат агенциите.
Минатата недела „Газпром“ ја обвини Украина дека го прекинала снабдувањето со гас што минува низ земјата на пат кон Молдавија, наводи што Киев веднаш ги негираше. Од руската државна компанија додадоа дека од понеделник, односно од денеска би можела да започне со намалување на протокот на гас.
Во своето последно соопштение, од „Газпром“ информираа дека молдавската компанија за природен гас „Молдовагаз“ платила за испорака на гас во ноември, додавајќи дека примила исплата за гас наменет за молдавските клиенти, но тој останал во Украина.
Сепак, „Газпром“ ја обвини Молдавија за „редовно кршење“ на обврските за плаќање.
„`Газпром` го задржува правото да ги намали или целосно да ги прекине испораките во случај на прекршување на плаќањето“,
додаваат од компанијата.
Вадим Чебан, шефот на „Молдовагаз“, за Ројтерс изјави дека во понеделникот сметката за гас се удвоила на 42 милиони долари во ноември поради зголемената побарувачка во отцепениот молдавски регион Приднестровие, каде што се стационирани руски војници.
Тој вели дека „Молдовагаз“ го извршила плаќањето.
„Газпром“ денеска објави дека во текот на денот ќе испорача 42,2 милиони кубни метри гас во Европа преку Украина, што е незначително помалку од неделното ниво од 42,6 милиони кубни метри испорачан гас.
Двете бројки го вклучуваат протокот на гас кон Молдавија, пишува Ројтерс.