Бидејќи уставот на РСМ, член 67, определува дека претседателот на републичкото Собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата
Касами беше кандидат за пратеник од коалицијата „Вреди“ и носител на пратеничката листа во шестата изборна единица. Коалицијата „Вреди“ во оваа изборна единица има освоено осум пратенички мандати. Имајќи предвид дека Касами се откажа од пратеничката позиција, на негово место во собраниските клупи ќе седне деветтиот на листата во оваа изборна единица, Аднан Азизи
Африм Гаши поднел оставка од лидерската позиција во Алтернатива, информираат од партијата. Ваквиот потег следува по најавата за неговата кандидатура за претседател на Собранието.
На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот, меѓу другото, се разговарало и за кандидатурата на Африм Гаши за спикер на парламентот. Бидејќи уставот на РСМ, член 67, определува дека претседателот на републичкото Собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата.
Согласно статутот на Алтернатива, Гаши претходно го овластил потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до изборот на нов лидер на Алтернатива.
Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, пак, до Собранието доставил изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат и бара да не му биде верифициран, објави МИА.
„Јас, Билал Касами, како избран кандидат за пратеник во шестата изборна единица на парламентарните избори 2024, при чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого, под целосна морална, материјална и кривична одговорност, изјавувам дека се откажувам од пратеничкиот мандат и барам да не ми се верифицира мандатот од страна на Собранието на Република Северна Македонија“,
стои во изјавата на Касами потпишана со датум 23 мај 2024 година, а како дел од материјалите за утрешната конститутивна седница на Собранието.
Касами беше кандидат за пратеник од коалицијата „Вреди“ и носител на пратеничката листа во шестата изборна единица. Коалицијата „Вреди“ во оваа изборна единица има освоено осум пратенички мандати. Имајќи предвид дека Касами се откажа од пратеничката позиција, на негово место во собраниските клупи ќе седне деветтиот на листата во оваа изборна единица, Аднан Азизи.
На првата седница на новиот парламентарен состав што е закажана за утре со почеток во 11 часот, прва точка на дневен ред е избор на претседател и членови на Верификациската комисија на Собранието. На седницата треба да се изврши верификација на мандатите на пратениците, да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и претседател на Собранието.
Како што веќе објавивме, распоредот на ресорите во новата влада, за чие формирање коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ води преговори со коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, а деновиве беше вклучена и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски, е пред финален договор, велат последните информации за кои брифираат извори од ВМРО-ДПМНЕ.
Коалицијата на опозициските партии на Албанците „Вреди“, како што брифираат нашите извори, го добива и претседателското место во Собранието.