Во текот на изминатите 24 часа има осум починати, од кои најмладиот е 45-годишен пациент од Прилеп. Активните случаи надминаа 14,5 илјади
Над 30 отсто од тестираните во последното деноноќие се заразени со ковид-19, според последните информации од Министерството за здравство. Наспроти статистиката од последните два дена, кога секој четврти тестиран беше позитивен, сега се бележи зголемување од пет процентни поени.
Од направени 6 173 теста, регистрирани се 1 865 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа:
Скопје – 871,
Битола – 177,
Прилеп – 119,
Куманово – 86,
Охрид – 60,
Кавадарци и Велес – по 53,
Кичево – 46,
Штип – 40,
Струмица – 38,
Тетово – 37,
Гевгелија – 28,
Гостивар – 27,
Неготино – 24,
Радовиш – 23,
Струга и Ресен – по 22,
Кочани – 21,
Крушево – 20,
Валандово – 15,
Делчево – 14,
Крива Паланка – 12,
Свети Николе – 10,
Богданци – 9,
Пробиштип – 8,
Берово – 6,
Македонски Брод – 5,
Демир Хисар – 4,
Виница, Кратово и Демир Капија – по 3,
Македонска Каменица и Пехчево – по 2,
Дебар и Дојран – по 1.
Вчера, пак, иако беа регистрирани приближно ист број позитивни случаи како и денеска (1 822), бројката на тестови беше повисока за близу илјада (7 123 ).
Од вкупниот број на позитивни, денеска има и повеќе реинфекции 207 наспроти 173 во текот на вчерашниот ден.
Излекувани се 784 пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа има осум смртни случаи, за разлика од вчера кога имаше тројца починати. По двајца починати се од Скопје (81г и 86г) и Битола (65г и 66г) и по едно починато лице од Прилеп (45г), Охрид (69г), Струмица (68г) и Валандово (72г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 686 063 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239 920, бројот на оздравени пациенти е 217 305, на починати 8 070, а бројот на активни случаи изнесува 14 545.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 107 541, Активни 8 192
Куманово 13 592, Активни 431
Тетово 11 620, Активни 184
Прилеп 11 631, Активни 800
Битола 10 716, Активни 1 383
Гостивар 8 253, Активни 164
Кавадарци 7 865, Активни 393
Велес 7 764, Активни 234
Охрид 7 287, Активни 488
Штип 7 018, Активни 248
Струмица 6 550, Активни 244
Кичево 4 504, Активни 172
Кочани 4 250, Активни 129
Струга 4 060, Активни 121
Гевгелија 3 195, Активни 231
Неготино 2 768, Активни 114
Свети Николе 2 214, Активни 56
Крива Паланка 2 041, Активни 78
Ресен 2 020, Активни 131
Радовиш 1 955, Активни 135
Делчево 1 545, Активни 70
Берово 1 516, Активни 33
Дебар 1 471, Активни 12
Виница 1 207, Активни 28
Пробиштип 1 193, Активни 48
Валандово 1 166, Активни 121
Кратово 805, Активни 16
Богданци 738, Активни 52
Крушево 720, Активни 115
Демир Хисар 679, Активни 36
Македонски Брод 578, Активни 31
Демир Капија 449, Активни 14
Македонска Каменица 444, Активни 16
Пехчево 375, Активни 16
Дојран 190, Активни 9.