Разурнати фасади, откорнати покриви, заштитни огради, бандери и паднати дрвја врз автомобили. Ова е сликата во дел од улиците во Скопје по вчерашното невреме.
На бројот 195 во Центарот за управување со кризи најмногу дојави за штети имало од граѓани од Општина Карпош, Центар и Кисела Вода. Екипи на Град Скопје од синоќа ги расчистуваат улиците.




Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека ветрот во Скопје бил со брзина од над 100 километри на час, а во западните делови од државата со брзина од 70 километри на час.
Невремето не го издржаа ниту дел од барокните фасади на објекти од „Скопје 2014“. Градоначалниците Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, утрово објавија фотографии од разурнатата фасада на зградата АД МЕПСО, чија изградба чинеше повеќе од 11 милиони евра.