Легендата на македонското маратонско пливање, Томи Стефановски, ги додели наградите за најуспешните пливачи во Македонскиот куп во далечинско пливање. Тој им порача на пливачите следната година да се трудат повеќе и да постигнат подобри резултати со кои ќе се гордеат тие самите, но и нивните тренери
Националната пливачка федерација синоќа, во ресторанот Мажестик, ги прогласи најуспешните пливачи за 2022 година. Пред доделуваето на наградите, секретарот на пливачката федерација Васил Велков, посочи дека минатата година била бурна, но и успешна.
„Не успеавме оваа година да ја крунисаме со светското првенство на кое требаше да имаме наш претставник, но ќе го направиме тоа следната година. Не очекуваат нови предизвици за кои вие пливачите треба да вложите мнногу труд“,
нагласи Велков.
За најуспешни пливачи за 2022 година беа прогласени:
СЕНИОРИ:
МАЖИ – Стојановски Андреј ПК Нептун
ЖЕНИ – Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
МЛАДИНЦИ:
МАЖИ – Стојановски Андреј ПК Нептун
ЖЕНИ – Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
КАДЕТИ:
МАЖИ – Јанковски Јован П.В.К.Орион
ЖЕНИ – Дамјанова Софија ПК Вардар 2018
ПОСТАРИ ПИОНЕРИ:
МАЖИ – Славковски Огнен П.В.К.Орион
ЖЕНИ – Анастасовска Сара ПК Нептун
ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ:
МАЖИ – Цеков Влатко ПК Вардар 2018
ЖЕНИ – Миленковска Неда ПК Младост
Легендата на македонското маратонско пливање, Томи Стефановски, ги додели наградите за најуспешните пливачи во Македонскиот куп во далечинско пливање. Тој им порача на пливачите следната година да се трудат повеќе и да постигнат подобри резултати со кои ќе се гордеат тие самите, но и нивните тренери.
За најуспешни пливачи во Македонскиот куп во далечинско пливање беа прогласени:
Во женска и машка конкуренција во категорија од 12 до 14 години – Софија Стефановска од ПК Нептун и Давид Трпчевски од ПК Делфин
Во женска и машка конкуренција во категорија од 14 до 18 години – Ангела Смилевска од ПВК Орион и Михаил Велков од ПК Нептун
Во женска и машка конкуренција над 18 години – Јана Костадиновска од ПК Младост и Александар Илиевски од ПК Нептун и Евгениј Поп Ацев од ПК Вардар 2018.
За најуспешни пливачи на Зимското национално првенство беа прогласени:
Сениори:
ЖЕНИ-Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
МАЖИ-Јанковски Јован П.В.К.Орион
Младинци:
ЖЕНИ-Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
МАЖИ-Стојановски Андреј ПК Нептун
Кадети:
ЖЕНИ-Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018
МАЖИ-Јанковски Јован П.В.К.Орион
Постари пионери:
ЖЕНИ-Велкова Емилија ПК Нептун
МАЖИ-Славковски Огнен П.В.К.Орион
Помлади пионери:
ЖЕНИ-Миленковска Неда ПК Младост
МАЖИ-Цеков Влатко ПК Вардар 2018
За најуспешен клуб според резултатите од двете национални првенства, беше прогласен пливачкиот клуб Вардар 2018.