Тетово не е поврзано со остатокот од земјава со организиран превоз. Граѓаните можат да излезат и влезат во градот само со приватни возила. Доцна попладнето, за време на викенд-полицискиот час, автопатот Тетово-Скопје беше речиси празен. Екипата на „360 степени“ за околу половина час изброја вкупно 14 возила од кои 5 камиони и еден мотор.
Македонија