Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињол, изјавил дека нападот на синагогата не влијае само на еврејската заедница, туку дека и целиот град е во шок
Француската полицијата „неутрализирала“ вооружен маж кој се обидел запали синагога во градот Руан во северозападниот дел на земјата, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, јавува Би-би-си.

Мажот, според првичните информации, бил вооружен со нож, а полицијата го застрелала во моментот кога тргнал кон неа.
Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињол, изјавил дека нападот на синагогата не влијае само на еврејската заедница, туку дека и целиот град е во шок.
Police shoot man dead in Rouen who “planned to set fire to city’s synagogue”, French officials say https://t.co/OrdEGWNHWM
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) May 17, 2024
Според извештаите на локалните медиуми, на кои се повикува Би-би-си, полицијата била повикана во 06:45 часот откако бил забележан чад што се издига од синагогата.
Кога пристигнале на местото на настанот, еден од полицајците го застрелал мажот кој бил вооружен со нож и железна прачка.

Засега нема информации за мотивите за нападот на синагогата.
Градоначалникот на Руан изјавил дека пожарникарите се на терен и работат на локализирање на пожарот во синагогата. Тој додал дека според досегашните информации нема други жртви во настанот, освен вооружениот маж. Се чини дека нема други жртви освен вооружениот маж, додаде тој.
Un homme armé a été tué par la police après avoir tenté de mettre le feu à une synagogue à Rouen pic.twitter.com/ghADBZJjpA
— BFMTV (@BFMTV) May 17, 2024
Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин, ја пофалил полицијата за, како што рекол, нејзината реакција и храброст.