На еден од митинзите полицијата употреби солзавец откако толпата почна да провоцира полицајци. Се извикуваа и пароли „диктатор – во затвор“ и „Макрон, не ни треба твојата пропусница“
Во Париз се одржуваат неколку протести против воведување пропусници со кои се докажува вакцинација или негативен резултат од тест за ковид-19.
На еден од митинзите полицијата употреби солзавец откако толпата почна да провоцира полицајци. Демонстрантите скандираа „слобода“ и фрлаа шишиња кон полицијата. Се извикуваа и пароли „диктатор – во затвор“ и „Макрон, не ни треба твојата пропусница“.
Како што објави претставникот на француската влада Габриел Атал, пропусниците ќе започнат да функционираат на 9 август.
На 12 јули францускиот претседател, Емануел Макрон, најави серија нови рестриктивни мерки за ограничување на ширењето на ковид-19. Меѓу другото, тој најави продолжување на практиката за користење пропусници со кои се докажува вакцинација или негативен резултат од тест за ковид-19 особено во барови, ресторани, возови на долги релации и авиони.
Макрон најави и воведување задолжителна вакцинација за лекарите во Франција и сите оние кои работат во болници и домови за стари лица. По изјавите на претседателот на Франција, предлог -законот беше подготвен и усвоен од францускиот парламент.