Бун најави дека меѓу нејзините пораки до Скопје и Тирана ќе биде дека ќе се инсистира на носење и спроведување на реформите во областа на владеењето на правото
По посетата на Тирана, државната секретарка на Франција, Лоранс Бун, денеска ќе престојува во официјална посета на Скопје каде ќе одржи средби со државниот врв.
Таа ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, како и со премиерот Димитар Ковачевски со кого ќе одржат и заедничка прес-конференција во медија-центарот во Владата.
Французинката ќе има средби и во Собранието, меѓу кои и со членовите на Националниот совет за евроинтеграции.
Бун, јави дописничката на МИА од Брисел, посетата ја најави пред вчерашниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, каде Западниот Балкан беше една од главните точки на дневен ред, при што нагласи дека нејзината порака до Скопје и Тирана ќе биде дека ќе се инсистира на носење и спроведување на реформите во областа на владеењето на правото.