Главниот град на провинцијата Гуангдонг, Гуанџу, како и помалите градови Шаогуан и Хејуан се меѓу најтешко погодените од поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд, пренесува Би-би-си
Речиси 60 илјади луѓе се евакуирани од нивните домови во кинеската провинција Гуангдонг откако неколкудневните обилни врнежи од дожд предизвикаа големи поплави во најнаселената провинција во оваа земја, пренесува Би-би-си.
Единаесет лица, според британскиот национален сервис, се водат како исчезнати, а досега нема информации за жртви.
На снимките што ги пренесуваат кинеските државни медиуми, како и оние на социјалните мрежи се гледаат големи површини под вода и спасувачи како со чамци пренесуваат луѓе зафатени од поплавите.
Неколку големи реки се излеани од коритата, а кинеските власти, според извештаите, внимателно го следат, како што се наведува, високиот водостој на реките.
Властите предупредуваат дека нивото на една од реките во северниот дел на Гуангдонг би можела да го достигне својот врв, што се случува еднаш во 100 години. Тоа, се наведува, може да се случи до денеска претпладне.
Имено, голем дел од оваа провинција лежи во ниската делта на реката Перл, која е подложна на поплави поради излевања кај нејзиниот слив, пораст на морското ниво и морски бури.
Делтата на оваа река е една од главните производствени бази на Кина и еден од најгусто населените региони во земјата, во кој само Гуангдонг е дом на околу 127 милиони луѓе.
Главниот град на провинцијата Гуанџу, како и помалите градови Шаогуан и Хејуан се меѓу најтешко погодените од поплавите, пренесува Би-би-си.
Поради обилните врнежи од дожд и поплавите, околу 1,16 милиони домаќинства во текот на викендот останале без струја. По интеренцијата на надлежните служби снабдувањето со електрична енергија е повторно воспоставено за околу 80 отсто од засегнатите домаќинства.
#UPDATE A total of 11 people are missing after continuous heavy rainfall hit many parts of South China’s Guangdong province in recent days, the provincial emergency management department said Monday. (Video: Xinhua) https://t.co/QAFqJnETab pic.twitter.com/Vs4a1tL147
— China Daily (@ChinaDaily) April 22, 2024
Дождот што континуирано паѓа ги откажа летовите на меѓународниот аеродром „Бујан“ во Гуанџу, а стигнале наредби за одложување на наставата во најмалку три града во провинцијата.
Според британскиот национален сервис, има информации за последици по десетици домови низ провинцијата, кои се или урнати или сериозно оштетени.
Првичните проценки на кинеските власти се дека директните економски загуби од поплавите изнесуваат речиси 140,6 милиони јануари, односно околу 19,8 милиони американски долари.
Десетици домови низ провинцијата или се урнаа или се сериозно оштетени, а властите проценуваат директна економска загуба од речиси 140,6 милиони јуани (19,8 милиони долари).
Видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат како порои вода кои брзо се движат уриваат ѕидови од куќи и мостови.
„Обилните дождови поплавија половина од првиот кат од нашиот дом. Се прашувам дали и вториот кат ќе биде поплавен преку ноќ. Се чувствувам беспомошно“,
напишал корисник на кинеската веб-страница за микроблогови „Веибо“.
Друг жител на провинцијата на истата веб-страница опишал како од силниот дожд кој еден и пол час паѓал како водопад не може да го види патот.
Кинеските метеоролошки служби предупредиле дека обилните дождови во Гуангдонг и во крајбрежните области во соседната провинција Фуџијан најмалку до вторник, односно утре.
Умерен до обилен дожд се очекува и во другите делови на Кина, вклучително и главниот град Пекинг, потоа Тијанџин и Хејбеи.
Минатиот јули главниот град на Кина и околните провинции беа поплавени откако серија тајфуни од Тихиот Океан го погодија копното на земјата.
Тогаш кинеската престолнина беше погодена од најголемите врнежи од дожд во последните 140 години.