Дополнително, како што јави репортерот на „360 степени“, на местото на сообраќајната несреќа можеше да се забележи група возремирени граѓани и патници од автобусот
Сообраќајна несреќа меѓу комбе, два автомобила и градски автобус кој соообраќа на линијата 22-а попладнево се случи на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае.

Во несреќата нема жртви, но беа предизвикани метеж во сообраќајот и голема редица автомобили кои чекаа да се расчисти местото за да поминат.
Дополнително, како што јави репортерот на „360 степени“, на местото на сообраќајната несреќа можело да се забележи група возремирени граѓани и патници од автобусот.
Поради блокираниот коловоз, сообраќајот почна да се одвива по тротоарот, а на терен е присутна полицијата, но не и екипи на Итната помош.
По 15 минути застој полицијата почна да ги расчистува возилата, но сообраќајот метеж и редот се протегаат до трговскиот центар „Сити мол“.
