На улицата „Орце Николов“ во центарот на Скопје предмалку падна старо дрво. Според изјавите на очевидци, нема повредени граѓани, а за среќа падот на дрвото не причинил ниту поголема материјална штета.


Сликите со откорнати дрвја и паднати гранки, пак, вчера беа чести низ скопски улици и паркови за време го големото невреме што го зафати главниот град. Само до Центарот за управување со кризи (ЦУК), според информациите од утрово, имало 40-ина пријави за паднати дрвја.