Поради жешкото време највпечатлив реквизит се ладалата во боите на виножитото. На тревниците и на клупите во паркот се подготвуваат транспарентите со пораки за еднаквост…
Во опуштена атмосфера, учесниците на петтата по ред „Парада на гордоста“ почнаа да се собираат во „Жена парк“ во Скопје по што во 19 часот по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици, кој ќе заврши со културно-музичка програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Поради жешкото време највпечатлив реквизит се ладалата во боите на виножитото. На тревниците и на клупите во паркот се подготвуваат транспарентите со пораки за еднаквост…

Екипата на „360 степени“ забележа и големо присуство на полицијата.









Ирена Цветковиќ од коалицијата „Маргини“ во изјава за „360 степени“ посочи дека мотото на годинешната парада е „спектакуларно непослушни“.

„ЛГБТ заедницата отсекогаш била одговорен член на ова општество, ние ги исполнуваме нашите обврски кон државата, но не го добиваме истиот фидбек назад, нашите права не се почитуваат. Оваа заедница која особено овој месец е атакувана со радикален говор на омраза во јавната сфера, сепак достоинствено, гордо, доаѓа, протестира и дури на крајот успева да прослави и да се забавува“,
изјави Цветковиќ.
Таа не очекува да има некакви инциденти.
„Досега не сме имале напад за време на прајдот, но сме имале напад на учесници кога се враќале, што е доказ за кукавичноста на лицата кои вршат дела од омраза. Не можат да не нападнат кога сме заедно, но начекуваат кога некој е сам. Очекуваме да биде мирно, задоволни сме од соработката со МВР. Полицијата е присутна, но не е највидлива, највидлива е заедницата“,
вели Цветковиќ.