Претседателот Бајден рече дека ова може да биде најсмртоносниот ураган и кажа дека бројките сè уште не се јасни, но оти доаѓаат првите информации за човечки загуби
Од пространи песочни плажи, паркови и преубави крајбрежни градови, југозападниот брег на Флорида стана зона на катастрофа. Оваа трансформација ја предизвика ураганот Ијан кој се заканува дека утре ќе ја погоди и сојузната држава Јужна Каролина во САД.
По пустошот што го остави зад себе, спасувачките екипи тргнаа со хеликоптери и чамци за да ги спасат жителите на брегот на Персискиот залив на Флорида кои се заглавени поради поплавите, урнатите далноводи и купиштата отпад.
Стравувањата на властите се дека ова може да биде најсмртоносниот ураган во историјата на оваа сојузна држава.
„Ураганот Ијан можно е да предизвикал значителна загуба на животи на Флорида и да стане најсмртоносниот ураган што некогаш ја погодил јужната американска држава“, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден за време на обиколката на просториите на Федералната агенција за управување со катастрофи (ФЕМА).
Тој рече дека бројките сè уште не се јасни, но дека доаѓаат првите информации за човечки загуби, кои би можеле да бидат „значителни“.
Ураганот Ијан, кој достигна статус на бура од четврта категорија на својот врв, остави два милиони луѓе без струја. Тој потоа ослабе, а неговиот центар го напушти копното и се пресели над Атлантскиот Океан каде повторно зајакна, по што беше издадено предупредување и за Јужна Каролина.