На повеќе бензински пумпи ширум Скопје забележани се големи редици на возила кои чекаат да ги наполнат резервоарите, воочи најавеното поскапување на цените на горивата кое стапува на сила од полноќ.
Попладнево Регулаторната комисија објави дека цената на бензинот и дизелот поскапуваат за девет денари, што значи дека од полноќ цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 104 денари, додека литар дизел ќе чини 95 денари.
Оваа корекција Регуалторната комисија ја направи откако на владина седница се донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари