Новите руските воздушни напади рано утринава ги погодија Киев и јужните области Днепропетровск и Одеса, велат официјални претставници на Киев, додека руските и украинските сили водат жестоки борби околу два града во источниот украински регион Донбас. Според украинските вооружени сили, речиси 40 дронови бил соборени синоќа и утринава ширум земјата
Најмалку три лица загинаа и три се повредени и хоспитализирани во нападите со дронови што утринава ги извршија руските сили врз главниот град на Украина, Киев, соопшти градоначалник Виталиј Кличко, јавуваат агенциите.
„Тело на жена е пронајдено под рушевините на куќа во округот Шевченков, каде се случила експлозија како резултат на напад со дрон. Има уште едно лице под рушевините. Акциите за потрага и спасување се во тек. Три лица се хоспитализирани“,
соопшти Кличко на Телеграм.
Новите руските воздушни напади рано утринава ги погодија Киев и јужните области Днепропетровск и Одеса, велат официјални претставници на Киев, додека руските и украинските сили водат жестоки борби околу два града во источниот украински регион Донбас.
Според украинските вооружени сили, речиси 40 дронови бил соборени синоќа и утринава ширум земјата.
На југот на земјата, околу пристаништата Одеса и Миколајев бил пресретнати 26 беспилотни летала „камикази“, додека во северниот и централниот дел на Украина, вклучително и главниот град Киев, соборени се 11 дронови.
Исто така биле пресретнати и три крстосувачки ракети на истокот на Украина.
Денешните напади следат една недела откако бран руски проектили усмртија 19 луѓе ширум Украина во најтешкото бомбардирање на земјата во последните неколку месеци.
„Цела ноќ и цело утро непријателот ги тероризира цивилите. Беспилотни летала и ракети камикази ја напаѓаат цела Украина. Во Киев е погодена станбена зграда. Непријателите може да ги нападнат нашите градови, но нема да можат да не скршат. Окупаторите ги чека праведна казна и осуда на идните генерации. Ќе избереме победа“,
рече утрово украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Во областа Днепропетровск, на југот на земјата голем пожар избувнал во енергетски објект откако ноќеска бил погоден со проектил, изјавија денеска локалните власти.
„Нашата противвоздушна одбрана уништи три непријателски проектили. Еден проектил погоди објект на енергетската инфраструктура. Има голем пожар. Сите служби работат на локацијата“,
рекол гувернерот на регионот, Валентин Резниченко на Телеграм.
Градското собрание на пристанишниот град Одеса на југот на земјата соопшти дека руски воени авиони денеска истрелале ракети на инфраструктурните објекти во регионот.
Русија на 10 октомври започна со жестоки ракетни нападни на Киев и други градови ширум Украина, од кои дел и во регионите што Москва недоамна ги анектираше и ги прогласи за дел од територијата на Руската Федерација.
Во овие напади 19 лица беа убиени, а 105 ранети.