Репортер на „360 степени“ ја пренесе сликата од местото на сообраќајката и посочи дека очевидците велат дека возачот изгубил контрола и не можел да управува со автобусот, по што се се случил ударот во жардиниерата
Двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ денеска околу 14 часот удри и се качи на жардиниера на раскрсницата кај Трговскиот центар „Мавровка“ и Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ во скопски Центар.

Во моментот на ударот патници имало и во горниот и во долниот дел на автобусот.
Репортер на „360 степени“ ја пренесе сликата од местото на сообраќајката и посочи дека очевидците велат дека возачот изгубил контрола и не можел да управува со автобусот, по што се се случил ударот во жардиниерата.
Како што јави репортерот на „360 степени“, екипа на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и им укажала помош на две патнички.

На едната, како што велат оние што присуствувале на оваа несреќа, ѝ се слошило, а другата, пак, има повреда на рамото.
Сообраќајот на овој потег од градот се одвива со полициска асистенција.





