Присутните со едноминутен молк им оддадоа почит на загинатите бранители на Украина, по што Зеленски им додели државни награди на војниците во знак на благодарност за напорите за одбрана на земјата
Во источниот украински град Бахмут, кој е речиси целосно разурнат од војната, се водат жестоки борби повеќе од седум месеци, но руските сили досега не успеаја целосно да го опколат или да ги принудат Украинците на повлекување
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети војниците на украинската армија во градот Бахмут – град на првата линија на фронтот, кој Русија со месеци се обидува да го освои.

Во соопштението од кабинетот на украинскиот претседател се наведува дека Зеленски разговарал со војниците за непријателските воени дејствија и им се заблагодарил за нивните напори да ја одбранат татковината.
„Чест ми е што денеска сум овде – да ги наградим нашите херои и да ви се заблагодарам. Ви благодарам што ја заштитивте државата, суверенитетот, истокот на Украина“,
рече Зеленски за време на средбата со украинските војници во Бахмут.

Присутните со едноминутен молк им оддадоа почит на загинатите бранители на Украина, по што Зеленски им додели државни награди на војниците во знак на благодарност за напорите за одбрана на земјата.

Во источниот украински град Бахмут, кој е речиси целосно разурнат од војната, се водат жестоки борби повеќе од седум месеци, но руските сили досега не успеаја целосно да го опколат или да ги принудат Украинците на повлекување.
Посетата на Зеленски доаѓа откако руските сили нападнаа неколку украински градови во текот на ноќта, при што загинаа најмалку четири лица во напад со беспилотно летало во близина на главниот град.