Директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Даниел Апостоловски, во куса изјава за „360 степени“ вели дека сè уште немаат точни информации за обемот на штетата предизвикана од невремето. Сепак, посочи дека најголема штета е забележана на кровната конструкција на објектот, а скршени се и два прозорци од бочната страна на базенот
Во краткото, но силно невреме што вчера попладне го зафати Скопје, оштетен е и кровот на базенот во рамки на Спортскиот центар „Борис Траковски“ во Скопје. Базенот во моментов е затворен и е надвор од функција.

„Поради невремето кое во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје, причинета е голема материјална штета на кровот на базенот и истиот нема да биде во функција“,
информираа од СЦ „Борис Трајковски“ на Фејсбук.
Директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Даниел Апостоловски, во куса изјава за „360 степени“ вели дека сè уште немаат точни информации за обемот на штетата предизвикана во невремето. Сепак, посочи дека најголема штета е забележана на кровната конструкција на објектот, а скршени се и два прозорци од бочната страна на базенот.

Инаку, базенот требаше да работи во текот на целото лето пред најавената реконструкција наесен.
