Нашиот трет Илинден е влезот во НАТО, стремежот за членство во ЕУ, добрососедското опкружување…, рече премирот во својот говор по повод 2 Август
Третиот Илинден е нашиот континуитет во промоцијата на вредностите на кои е изградена нашата држава и кои светот ги прифати како наша специфика и идентитет според кои Репулика Северна Македонија денеска се препознава во светот. Третиот Илинден не познава крај. Нашиот Илинден не е завршен и нема да заврши. Ние го живееме нашиот Илинден и на нашата и на идните генерации им останува да го шират неговиот пламен, рече премиерот Зоран Заев, во својот говор на Пелинце, по повод одбележувањето на 2 Август.
„Илинден 1903 и Илинден 1944 се дел од низата големи историски слувања што го одразуваат континуитетот на државотворната историја и стремежот на граѓаните на нашата земја да создадат сопствена држава, еднаква во друштвото на народите. Тоа се генетски записи во кои се собрани вредностите на кои се повикуваме и на кои ја градиме иднината. Светлината на Илинден блесна двапати во нашата историја. Во генетскиот запис на нашата држава се запишани духот на Крушевскиот манифест и на документите од Првото заседание на АСНОМ. Декларацијата на АСНОМ е декларација за универзалните слободи и права на граѓаните и за цивилизациските вредности“,
нагласи Заев, зборувајќи за значењето на двата Илиндена.
Заев оцени дека на оваа генерација Илинден не ѝ е даден за да го остави на историјата, туку да го живее.
„Илинден не е врзан за ниту една идеологија, ги надминува границите на кој било временски период. Секоја генерација им свој Илинден, а современата генерација во својот Илинден го има вградено единствениот правилен избор на 8 Септември 1991 година, со волјата на народот изразена на референдумот за независноста, со што почна меѓународното прифаќање и признавање на тогашната Република Македонија. Оваа година одбележуваме три децении од независноста, со единствен желба – нека е вековита. Нашиот трет Илинден е печатот ставен на Северна Македонија во ОН, како држава во која официјален и службен е македонскиот јазик. Нашиот трет Илинден е и нашата борба и победа на демократските над декадентските вредности, победата на парламентаризмот и на дијалогот наспроти едноумието, омразата и насилството… И уште еден илинденски пронци што го негуваме е обединување околу најважните прашања за нашата земја. Да престанеме да се удираме во гради кој е поголем патриот, нема да престанам да повикувам да бидеме сложни и единствени“,
рече Заев.
Тој нагласи и дека нашиот трет Илинден е членството во НАТО, градењето добрососедски односи, грижата за граѓаните – и во добро и во лошо… Исто така, посочи дека годинава одбележуваме уште еден јубилеј – 20 години од Рамковниот договор.
„Тоа заедништво што се градеше со години за нас претставува обврска за нашата понатамошна иднина. Континуитетот во остварување на нашите стратешки цели, како наш трет Илинден, е и нашето членство во НАТО и нашиот стремеж за остварување на вториот стратешки приоритет – членството во ЕУ. На безбедноста на нашиот дом – Северна Репулика Македонија го додадовме и пријателското соседско опкружување. Секогаш бевме и осануваме на сончевата страна на мирољубиво решавање на сите недоразбирања и конфликти. Ние денеска со нашите соседи градиме „Отворен Балкан“. Тоа е нормална и очекувана иницијатива по историскот Договор од Преспа, како позитивен преседан во историјата на дипломатијата. Јас сум убеден дека Бугарија е пријател и дека е многу блиску е денот кога и македонскиот и бугарскиот народ ќе се уверат дека Бугарија нема да биде пречка за С Македонија. Заедно ќе го обезбедиме тоа, бидејќи и од двете страни има паметни и способни луѓе, визионери, кои ќе си дадат шанса и ќе се разберат – во интерес на своите народи“,
рече премиерот, кон крајот на своето обраќање во Пелинце, по повод Илинден.
“Поврзани вести:
Џафери на Илинден: Донесената Резолуција е потврда дека имаме заемна почит и водиме заедничка битка