„Ако не била брзата интервенција на пожарникарите, ќе имало голема експлозија. МВР работи на причините за пожарот и наоѓање на оној што го предизвикал овој животозагрозувачки пожар“, вели Ангелов
Изби пожар во кругот на поранешната велешка „Порцеланка“, кај Велес, каде што се наоѓаат цистерни и склад со повеќе од 80 тона гас. Пожарот е сопрен на 100-тина метри оддалеченост од цистерните со гас, благодарение на брзата реакција на велешките пожарникари. Ова денеска го соопшти директорот на Центарот за управување на кризи Стојанче Ангелов, кој од местото на пожарот испрати видеопорака до медиумите, објаснувајќи ја сликата од терен.

„Ако не била брзата интервенција на пожарникарите, ќе имало голема експлозија. МВР работи на причините за пожарот и наоѓање на оној што го предизвикал овој животозагрозувачки пожар“,
вели тој.
Според него, била побарана и помош од воздух, но пожарникарите успеале да го изгаснат, уште пред леталата да се упатат на терен.



Како што посочи Ангелов, се работи за цистерни со запалив гас.