Станува збор за 30-годишен маж, со иницијали Ф. Р. од селото Никуштак, кој вчера влегол во водите на езерото кај браната „Глажња“ во Липково и не излегол оттаму
Три нуркачки тима на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ на Министерството за внатрешни работи го пребаруваат вештачкото езеро кај браната „Глажња“ во потрага по мажот кој вчера исчезна во водите на езерото.
Информацијата ја соопштија од Центарот за управување со кризи, од каде што претходно утрово соопштија дека потрагата по исчезнатиот продолжува и денеска.
Станува збор за 30-годишен маж, со иницијали Ф. Р. од селото Никуштак, кој вчера влегол во водите на езерото кај браната „Глажња“ во Липково и не излегол оттаму, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) Куманово.
Исчезнувањето на лицето во водите на езерото во Центарот за управување со кризи (ЦУК) било пријавено вчера околу 13:50 часот, по што случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Куманово. За физичко обезбедување на местото биле ангажирани полициски службеници од полициската станица „Матејче“, а преку кумановската полиција вчера била повикана нуркачка екипа на МВР.
Од Центарот за управување со кризи денеска споделија и видеоснимка од потрагата на полициските специјалци кое можете да го погледнете во продолжение: