Авионот е во сопственост на локалниот оператор „Саурија ерлајнс“, наведуваат медиумите
Осумнаесет лица загинаа, а пилотот е единствениот кој го преживеа падот на помал авион во Непал, пренесува Скај њуз.

Авионот се урнал при полетување и се запалил на аеродромот во Катманду.
Тој превезувал двајца членови на екипажот и 17 техничари во градот Похара на проверки за одржување, изјави шефот за безбедност на аеродромот Арџун Чанд Такури.
Sad news Plane crash in Nepal pic.twitter.com/cTL1r9bMJn
— Abdul Shah (@abdulshah918) July 24, 2024
Такури исто така изјави за локалните медиуми дека авионот „се запалил“ откако ја напуштил пистата во главниот град Катманду.
Авионот е во сопственост на локалниот оператор „Саурија ерлајнс“, наведуваат медиумите. „Саурија“ оперира со домашни летови во Непал со два регионални авиони „бомбардиер ЦРЈ-200“, и двата стари околу 20 години, според Флајт радар 24.

Непал се најде на удар на критиките поради лошата безбедност на воздухот, а најсмртоносниот инцидент се случи во 1992 година, кога Ербасот на пакистанската меѓународна авиокомпанија се урна на рид на приод кон Катманду, при што загинаа 167 луѓе.
Најмалку 72 лица загинаа во авионската несреќа на авиопревозникот „Јети“ во јануари 2023 година, бидејќи пилотите по грешка ја исклучиле струјата.