По пречекот, двајцата претседатели имаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на делегациите од двете земји. По пленарниот состанок, двајцата претседатели ќе одржат заедничка прес-конференција во 11:05 часот

Шефот на државата Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Георгиевска со највисоки државни и воени почести утринава во вилата „Водно“ ги пречекаа австрискиот претседател Александер ван дер Белен и неговата сопруга Дорис Шмидауер, кои се во дводневна посета на земјава.


По пречекот, двајцата претседатели имаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на делегациите од двете земји.

„Теми на разговор беа севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Австрија, можностите за нивно продлабочување со акцент на економската соработка, текот на европските интеграции на нашата земја, како и отворените прашања на Западен Балкан и состојбите во поширокиот регион“,
се вели во соопштението на кабинетот на претседателот.
По пленарниот состанок, двајцата претседатели ќе одржат заедничка прес-конференција во 11:05 часот.