Властите упатија предупредувања до граѓаните да останат дома, но изгледа заборавија на патниците на аеродромите, кои рекоа дека чекаат со часови без никакви информации. На шалтерите се создадоа огромни толпи, а луѓето свиреа во знак на протест
Туристите заглавени на аеродромите во Дубаи изјавија дека биле „очајни за храна“ и дека останале без вода поради големите поплави предизвикани од дожд и грмотевици, јавува Би-Би-Си.
Речиси 50 летови беа откажани во вторникот, откако на социјалните мрежи се појавија снимки од луксузни автомобили кои пливаат во вода и поплавени трговски центри, пишува Би-Би-Си.
Властите упатија предупредувања до граѓаните да останат дома, но изгледа заборавија на патниците на аеродромите, кои рекоа дека чекаат со часови без никакви информации. На шалтерите се создадоа огромни толпи, а луѓето свиреа во знак на протест.
Current situation in Dubai airport . pic.twitter.com/DAr2K5Ufjc
— Usman Khan (@UsmanKhanMI) April 18, 2024
Според сајтот за следење летови Flight Aware, 150 летови кои требаше да го напуштат меѓународниот аеродром во Дубаи биле одложени, а 120 биле откажани. „Емирати“, водечката авиокомпанија во Дубаи, објави суспензија на услугите до четврток наутро.
„Во моментов се соочуваме со значителен прекин поради временските услови и континуирано работиме со нашите тимови за одговор при итни случаи за да ја вратиме нормалната работа што е можно поскоро“,
објави Меѓународниот аеродром во Дубаи на социјалната мрежа Икс во средата.
Dubai Airport right now
— Science girl (@gunsnrosesgirl3) April 16, 2024
pic.twitter.com/FX992PQvAU
Тие денеска објавија дека продолжуваат летовите од Терминал 1, со напомена дека патувањето е можно само со потврдени резервации, бидејќи летовите се уште се откажуваат и доцнат.
Патниците преживуваа само со користење на услугите на „бесцаринските“ продавници – каде што производите се ослободени од локални или национални даноци и давачки, под услов да се купат од туристи кои потоа ќе плаќаат давачки и даноци во земјата на дестинација.
Dubai Airport yesterday. This is literally my worst nightmare pic.twitter.com/Ovg01ZRLjk
— Faris (@Sooba_Hazara_) April 18, 2024
Џејмс и Елизабет Дивајн од Кембриџ останале заглавени на погрешен аеродром со нивниот шестмесечен син откако им бил пренасочен летот од свадба во Сиднеј. Тие слетале на Светскиот централен аеродром во Дубаи, на повеќе од 80 километри од наменетата дестинација, меѓународниот аеродром во Дубаи.
„Ресторантите се затворени, единствената храна што ја имаме е од бесцарински продавници, така што нема храна за доенчиња или мали деца. Нема ниту пелени, па ги споделуваме со други патници на кои исто така им се потребни“,
изјави Џејмс.
Бидејќи постојано пристигнуваат нови патници, Џејмс проценува дека во моментов на аеродромот има стотици, ако не и илјадници луѓе. Чекале 13 часа, додека полека се создавала паника поради недостигот на храна и вода.
Маргарет и Дерек Мекартур, постар пар од Монифиет, Шкотска, требале да заминат од Дубаи за Токио во средата.
„Немаме храна, досега сме пиеле само кафе. Очајно ни треба нешто за јадење, не ни дадоа никакви ваучери и не знаеме што се случува“,
изјави Маргарет за Би-би-си.
صور من جريان الأودية في صحراء القدرة في #دبي pic.twitter.com/pyXP8OpBVF
— Dubai Media Office (@DXBMediaOffice) April 17, 2024
Во вторникот, во Обединетите Арапски Емирати е забележана најголема количина дожд од почетокот на евиденцијата пред 75 години. Дождот не е вообичаен во ОАЕ, но повремено се појавува за време на постудените зимски месеци.
Како резултат на тоа, на многу патишта им недостасува дренажа во случај на поплави, а армијата и полицијата ги евакуираа граѓаните во најтешко погодената провинција Аш Шаркија Север.
Училиштата ќе останат затворени до следната недела, а работата од дома е продолжена за уште еден ден за повеќето вработени во владата. Претседателот, исто така, нареди погодените семејства да бидат преместени на побезбедни локации.
Најмалку едно лице загина во поплавата, 70-годишен маж кој се удави во автомобил во Рас Ал-Каима, а неодамна беа објавени фотографии на кои се гледа како водата ги поплавува пустинските области.