Во текот на ноќта и претпладнето снег падна во Горски Котар и Лика, а побелеа Платак и највисоките врвови на Учка и Чиќарија
Вчера во текот на денот Хрватска ја зафати невидено невреме придружено со обилни врнежи од снег и дожд. Снежното невреме наместа беше толку силно што сообраќајот беше во целосен колапс.
Имено, во текот на ноќта и претпладнето снег падна во Горски Котар и Лика, а побелеа Платак и највисоките врвови на Учка и Чиќарија.
Во седум часот утрово во Завижан се измерени 40 сантиметри снег.
Обилниот снег создава и проблеми во сообраќајот, пренесуваат хрватските медиуми.
За разлика од Горски Котар и Лика, во Далмација имаше обилни врнежи од дожд.
Изминатата недела донесе многу нестабилно време, кое кулминираше со силен дожд во сабота. Од почетокот на месецот во голем дел на Далмација наврнале над 200 литри дожд на квадратен метар.