Езерската полиција синоќа на Охридското Езеро, во близина на границата со Република Албанија, спасила пет лица кои со едрилица пловеле по езерото. Според информациите, полицијата интервенирала откако сопственикот на едрилицата поради силното невреме што го зафати Охрид синоќа, изгубил контрола над пловилото.
Лицето кое управувало со неа и останатиот екипаж се спасени и безбедно се пренесени до Полициската станица во добра здравствена состојба.
„Постапувајќи по пријава дoбиена околу 19 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, сопственик на пловен објект едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ веднаш излегоа на терен и околу 19.25 часот ја пронајдоа едрилицата на околу 7000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија“,
соопшти МВР.


