Освен булеварот пред зградата, едночасовна блокада има и на три патни правци во државата

Тивок и празен е булеварот пред зградата на Владата во центарот на Скопје. Неколку минути пред 13 часот започна најавената блокада во знак на револт против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Од она што може да се забележи, со возила пристапот до владината зграда е блокиран од една страна кај мостот „Гоце Делчев“, а од друга кај крстосницата со булеварот „Св.Климент Охридски“.
Освен булеварот пред зградата, едночасовна блокада во периодот од 13 до 14 часот денеска има и патните правци: Штип- Велес, Струмица- Радовиш, Плетвар- Прилеп.