На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од градот направени вчера во 10 часот наутро, каде што целиот град изгледа како од некој хорор филм
Портокалово и празно – вака изгледа еден од најубавите градови во САД, Сан Франциско, според фотографиите и видеата што се споделуваат на социјалните мрежи.
Причина се големите пожари што ги зафатија сојузните држави Калифорнија и Орегон, со кои пожарникарите се борат повеќе од десет дена.
Гувернерката на Орегон, Кејт Браун, изјави дека досега се уништени стотици домови, додека последиците врз природата се непроценливи.
„Ова ќе биде најголемата загуба на човечки животи и имот како последица на шумски пожари во историјата на нашата држава“,
изјави гувернерката на прес-конференција.
Од почетокот на неделата евакуирани се и три затвори, додека пожарникарите некогаш бараат од жителите да се евакуираат за неколку минути пред налетот на стихијата.
Како причина се наведуваат силните ветрови кои го шират огнот.
Досега во пожарите во Калифорнија загинаа 11 лица, а најновата жртва е едногодишно дете.
Во меѓувреме, жители на Сан Франциско објавуваат фотографии и видеа на кои целиот град е обоен во портокалово, како сцена од некој апокалиптичен филм.
Do videos count too @EricaJoy ? I shot this with my drone this morning. pic.twitter.com/hDgdp8CIbq
— Jarami Bond (@jarami_bond) September 9, 2020