Албанскиот премиер Еди Рама попаднево пристигна во Охрид, откако порано денеска во овој град пристигнаа и другите лидери на земјите од иницијативата „Отворен Балкан“, каде утре ќе се одржи работниот дел од самитот.
Албанскиот премиер Рама беше пречекан од Методија Димовски, генералниот секретар на Владата, се вели во соопштението на владината прес служба.
Српскиот претседател Аександар Вучиќ, како и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ претходно беа пречена на охридскиот аеродром од страна на министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, додека претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, во Охрид пристигна во текот на вчерашниот ден.
Според агендата на самитот „Отворен Балкан“ утре ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка во туризмот, културата и меѓу даночните управи на земјите од иницијативата, како договорот за соработка за земјите од иницијативата за взаемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, информираат од Влада.