На социјалните мрежи патници коментираат дека на границата за излез од РС Македонија чекале и по два часа
Новогодишните и божиќните празници направија гужви на граничните премини за излез, но и за влез во земјава.
Таков е случајот вечерва со граничниот премин „Табановце“ кон Република Србија.

На безбедносните камери поставени на овој граничен премин се гледа како колони возила чекаат ред за влез, но и за излез од земјава.
На социјалните мрежи патници коментираат дека на границата за излез од РС Македонија чекале и по два часа.
Ваквата слика е вообичаена за празнични продолжени викенди, но и за летниот период.