Скопскиот градоначалник и министерката за образование ја посетија познатата скопска гимназија, каде што во празните училници ги пречекаа само дел од професорите
Скопскиот градоначалникот Петре Шилегов и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска го посетија средното училиште „Орце Николов“, на првиот училиштен ден во новата учебна 2020/2021 година.
Во празните ходници и училници во познатата скопска гимназија, Царовска и Шилегов се сретнаа само со дел од професорите, додека учениците останаа дома.
„За да се заштити здравјето на учениците и на наставниот кадар од ширењето на корона вирусот, новата учебна година стартува со почитување на строги протоколи и онлајн-настава која ќе се изведува преку националната платформа за учење од далечина“,
соопштија од градот Скопје.