Трите „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување два пати полетаа кон пожарот во атарот на селото Дебрешта во Општина Долнени каде што попладнево избувна голем пожар
Дирекоторот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информира дека трите „ертрактори“ кои ги има земјава се ставени на располагање на пожарникарите кои се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар кој попладнево избувна во атарот на селото Дебрешта во Долнени.
Авионите полетале два пати – во првиот налет значително ја намалиле силата на огнот на првиот крак на пожарот, но во меѓувреме пожарот се раширил преку втор крак кој се спушта кон селото Кошино.
Во пожарот во Дебрешта горат трева, грмушки и нискостеблеста деградирана шума.



