
Денеска за првпат во Основниот суд Кавадарци расправите за четири судски предмети се одржаа со онлајн-судење, соопшти судот. Виртуелно присутни биле претставници на Основното јавно обвинителство во Квадарци, од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, како и адвокатите застапници. Како што соопшти Судот, рочиштата се одржале преку електронската платформа „Microsoft Teams“.
„На овој начин, судот и сите други учесници во постапката, ги презедоа и обезбедија сите мерки за превенција, со обезбедување на социјалната димензија за време на воспоставената вонредна состојба, со цел за непречено одржување на расправите и преземање дејствија во текот на судските постапки“,
соопшти Основниот суд Кавадарци.
