При претресот на автомобилот со албански регистарски ознаки биле пронајдени вкупно 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од земјава кон Албанија. Инаку, охридската белвица е подвид на охридската пастрмка и е ендемски вид слатководна риба што живее во Охридското Езеро
Двајца државјани на Албанија се приведени од страна на струшката полиција откако при претрес на граничниот премин „Ќафасан“ во нивното возило биле пронајдени над 200 парчиња охридска белвица.

„Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Струга и Полициската станица за граничен премин „Ќафасан“ на излез од државата ги привеле Х. Ф. (22) и Ч. Е. (22), двајцата од Република Албанија. При контрола во патничко возило ‘шкода’, со албански национални ознаки, биле пронајдени 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија“,
се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР додаваат дека двајцата 22-годишници се во притвор, а против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Инаку, охридската белвица е подвид на охридската пастрмка и е ендемски вид слатководна риба што живее во Охридското Езеро.