Полицијата во моментот прави увид на местото на несреќата
Сообраќајна несреќа се случи пред околу еден час на булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром, на раскрсницата кај „Мајчин дом“.

На пешачкиот премин се оставени автомобил „бмв“ со скопски таблички, паднат велосипед и празна количка за бебе.
Полицијата во моментот прави увид на местото на несреќата.