Скопјани не можеа да одолеат на денешното топло и сончево време. Иако препораките да се седи одма сè уште важат, дел од граѓаните ги искористија попладневните часови за прошетка и рекреација низ Градскиот парк во Скопје.

Тоа ќе може да го прават до 16 часот, бидејќи тогаш започнува забраната за движење. Ова е прв викенд откако Владата одлучи да ја зголеми временската рамка на полицискиот час за саботите и неделите.

Од сега за време на викендите дозволено ќе биде движење од 05 часот наутро до 16 часот попладне. Во останатите денови од неделата останува на сила забраната за движење од 21 часот до 05 часот. Граѓаните кои се на возраст над 67 години може да се движат од 05 до 11 часот, додека пак граѓаните до 18 години може да се движат 12 часот напладне до 21 часот навечер.

За викендите во време на полицискиот час ќе може да се движат само работниците кои ќе имаат потврда дека се на работа, како и земјоделците кои имаат неодложни работи оваа сезона.

За граѓаните кои имаат миленици и кои побараа да можат да ги прошетаат и по стапувањето на полицискиот час со цел да ги извршат нивните физиолошки потреби, Владата сè уште бараа соодветно решение.