Три лица се во животозагрозувачка состојба, а уште осум се со тешки повреди. Поради инцидентот, организаторите ја прекинаа Парадата на гордоста и ги откажаа преостанатите настани. Полицијата распиша потерница по осомничениот
Едно лице загина, а најмалку 16 се повредени откако возило влета во толпа луѓе за време на одбележувањето на Парадата на гордоста во Берлин. Инцидентот се случил во близина на паркот Тиергартен, недалеку од трасата на парадата, кога бело комбе со голема брзина удрило во насобраните луѓе, а потоа се забило во дрво, пренесуваат дел од медиумите.
Според последните информации, три лица се во животозагрозувачка состојба, а уште осум се здобиле со тешки повреди. Поради инцидентот, организаторите ја прекинаа Парадата на гордоста и ги откажаа преостанатите настани.

Германската полиција соопшти дека идентификувала 21-годишен осомничен, кој, според властите, ѝ бил познат на полицијата и се истражуваат неговите можни врски со исламистички кругови. Станува збор за лицето Абдул Б., кој неофицијално, во мај годинава бил пуштен од установа за малолетни и младински престапници.
По него е распишана потерница, а од полицијата упатија предупредување до граѓаните – доколку го забележат осомничениот, да не му приоѓаат бидејќи може да биде вооружен и опасен.
ÖFFENTLICHKEITSFAHNDUNG – Bitte teilen!
— Polizei Berlin (@polizeiberlin) July 26, 2026
Aufgrund des Verdachts eines Anschlags führen die Generalstaatsanwaltschaft Berlin und unser LKA die weiteren Ermittlungen.
Nach bisherigen Erkenntnissen handelt es sich bei dem mutmaßlichen Tatverdächtigen um Abdul B..
Informationen und… pic.twitter.com/20Q18oawkP
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го осуди нападот, оценувајќи го како удар врз слободното и демократско општество, додека берлинските власти повикаа сведоците да достават снимки и информации што би можеле да помогнат во истрагата.
Мотивот за нападот сè уште не е официјално утврден, а истрагата е во тек.
