Новото лансирање на ракетите се случи додека Советот за безбедност на ОН заседаваше во Њујорк за да разговара за севернокорејската ракета што прелета над Јапонија два дена претходно
Северна Кореја денеска истрела уште две балистички ракети и го нарече тестот „праведна контрамерка“ против Вашингтон и Сеул и нивните заеднички воени вежби во регионот.

Новото лансирање на ракетите се случи додека Советот за безбедност на ОН заседаваше во Њујорк за да разговара за севернокорејската ракета што прелета над Јапонија два дена претходно.
Според јужнокорејската војска, две ракети со краток дострел биле лансирани денеска наутро од околината на Пјонгјанг во правец на Јапонското Море. Јапонската крајбрежна стража го потврди лансирањето.
Првата ракета прелета 350 километри на максимална височина од околу 80 километри, се вели во анализата на јужнокорејската армија. Вториот проектил прелетал 800 км на надморска височина од 60 км.
„Ова шесто лансирање за помалку од две недели е „целосно неприфатливо“,
одговори јапонскиот премиер Фумио Кишида.
Северна Кореја пред два дена првпат по пет години истрела балистичка ракета над Јапонија и таа патувала околу 4 500 километри пред да падне во Тихиот Океан.
Ова растојание е доволно за ракетата да може да го погоди американскиот остров Гуам доколку биле лансирана по друга траекторија.
Лансирањето, како што наведе Би-би-си, се чини дека е намерна ескалација за да се привлече вниманието на Токио и Вашингтон.