Попладнево на крстосницата кај студентскиот дом „Гоце Делчев“, се запалил автомобил, соопштија од скопската противпожарна служба.
Дојавата ја добиле во 15:30, по што веднаш било излезено на терен и е спречено пламенот да зафати и други возила.
„Оштетен е предниот дел од возилото. Со брзата реакција на БППЗ-Скопје на оваа прометна раскрсница не е дозволено зафаќање на повеќе патнички возила во неговата близина“,
велат од скопската противпожарна бригада.
Пред три дена, на скопските улици изгоре уште еден автомобил во строгиот центар на градот.