Телевизија Телма објави видеоматеријал од запалениот автомобил кој ги вознемири жителите на строгиот центар на Скопје. Како што може да се види од снимката, запаленото возило е на тротоар во близина на други возила, додека сообраќајот по булеварот се одвива нормално. Локацијата на пожарот е спроти Македонска пошта а во непосредна близина е и објектот на Владата.
При горењето, може да се слушне пукање од возилото во пламен, а повремено се исфрлаат и делови од автомобилот, веројатно поради високите температури од пожарот.
Според извештаите на повеќе медиуми, во меѓувреме пристигнале пожарникарски екипи и го гасат пожарот. Повеќе детали и од скопската противпожарна единица и од МВР најавуваат во текот на денот.