Автобусот со сомборски регистарски таблички превезувал туристи кои се враќале од летување од Грција
Во сообраќајна несреќа што утрово околу 5:50 часот при превртување на автобус со сомборски регистарски таблички на автопатот кај Лесковац во правец кон Ниш, едно лице загина, а 25 се повредени. Автобусот превезувал туристи кои се враќале од летување од Грција.

Според медиумите во Србија, една жена загинала, а на местото на несреќата се наоѓаат полициски и противпожарни екипи и во тек е истрага.
За лекување на повредените се ангажирани медицински екипи од Лесковац, Лебан, Власотинац и Ниш. Девет повредени, меѓу кои две деца, се пренесени во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Ниш, соопштија од таа здравствена установа.

Според Славољуб Живадиновиќ, директор на Нишкиот Институт за итна медицинска помош повикот од Лесковац е примен во 5 часот и 45 минути и за неполни дваесет минути четири екипи биле на терен.
Во автобусот имало триесетина патници.