Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, исто така ги посети првороденото дете годинава и неговата мајка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.
„Град Скопје на мајката и првороденото бебе во новата година им посака многу здравје и радости, со штедна книшка со 20 илјади денари и пригодни подароци. За родилката Стојанка Панајотова, Ване е прво дете. На Стојанка и нејзиното семејство Град Скопје им посакува здравје, спокој, среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите“,
соопшти Град Скопје.