Градоначалникот на Маврово Ростуше, Медат Куртовски, синоќа на својот фејсбук-профил објави дека едно лице е повредено во лавините што вечерва паднаa во близина на бензинската пумпа кај Бигорскиот манастир
Сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај Бигорскиот манастир, утрово е нормализиран откако се пробиени лавините што вчера паднаа на делницата Дебар – Жировница.
Градоначалникот на Маврово Ростуше, Медат Куртовски, синоќа на својот фејсбук-профил објави дека едно лице е повредено во лавините што вечерва паднаa во близина на бензинската пумпа кај Бигорскиот манастир.
Од 8:20 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато и на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“, а од 8:30 часот се укинува и забраната за камиони на планинскиот превој Стража.
АМСМ претходно соопшти дека забраната за сообраќај на камиони од 5:20 часот е укината и за планинскиот превој Плетвар.