Акцијата денеска била спроведена во периодот од 6 до 10 часот наутро, а од МВР најавуваат дека ќе продолжат со вакви активности и во наредните денови
Во акција на полицијата, инспектори за малолетничка деликвенција и претставници од центрите за социјална работа, денеска била направена контрола на возила што вршат јавен превоз, контроли на лица во казина и обложувалници, но и преглед на ученици во близина на училиштата, со цел да се открие дали носат предмети на училиште кои се забранети со закон.
Информацијата за акцијата преку соопштение до јавноста ја споделија од Министерството за внатрешни работи (МВР), а на фотографиите испратени до медиумите може да се забележи како полицајци прегледуваат што носат учениците во своите ранци.
Во соопштението нема информации дека се најдени недозволени предмети.
Во контролите во однос на превозниците, пак, биле откриени 30 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 11 возила.
Акцијата денеска била спроведена во периодот од 6 до 10 часот наутро, а од МВР најавуваат дека ќе продолжат со вакви активности и во наредните денови.







