Поглаварот на МПЦ-ОА секоја година организира ручек по повод божиќните празници и неговиот именден
Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваа на традиционалниот божиќен ручек кај поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан.
На ручекот, како што соопштија од кабинетите на Пендаровски и Ковачевски, присуствувале и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА.
Поглаварот на МПЦ-ОА секоја година организира ручек по повод божиќните празници и неговиот именден на 9 јануари – Св. Стефан.