Инцидентот се случил откако се вклучиле алармите во возот од Кале до Фолкстоун
На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како патниците во Евротунелот се евакуираат преку тунел за итни ситуации откако морале да ги напуштат своите возила
Десетици луѓе вчера вечер со часови останаа заглавени во тунелот под Ла Манш откако воз од Кале до Фолкстоун се расипал.
На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како патниците во Евротунелот се евакуираат преку тунел за итни ситуации откако морале да ги напуштат своите возила.
Walking through the service tunnel! pic.twitter.com/5UFSUF7UR4
— Michael Harrison (@Michael84143013) August 23, 2022
Тие на крајот биле префрлени во друг воз што дошол како замена и биле пренесени до терминалот Фолкстоун во Кент.
Портпаролот на Евротунелот рече дека ситуацијата сега се враќа во нормала.
Од „Ле шатл“ соопштија дека инцидентот започнал кога алармите на возот се вклучиле и тоа требало да се истражи.
Портпаролот рече дека таквите инциденти се невообичаени, но не и исклучени – многу почести во возовите што превезуваат камиони отколку оние со приватни автомобили.
Со 37,9 километри ова е најдолгиот подводен дел од кој било тунел во светот.
Во возот имало околу 100 возила.
Од „Ле шатл“ соопштија дека сите патници ќе бидат контактирани поединечно за да се договори компензација.