Паднати дрвја на коловозот кон Маврови Анови, денеска го отежнуваат сообраќајот на овој патен правец.
Утринава имаше и застој на сообраќајот во неколку наврати, а во моментот возилата се пропуштаат наизменично.
Според првичните информации на службите кои работат на терен, на три места по делницата од раскрсницата за Кичево-Гостивар кон Маврово на неколку места паднати се дрвја и има одрони од земја и камења. Екипи со механизација се излезени на терен и работат на нормализација на сообраќајот.