Според информациите на ЦУК, два од три објекти на магацинот се целосно изгорени, а третиот е делумно изгорен
Ноќеска изби пожар во магацин за производство на полиестер во селото Неготино, Општина Врапчиште, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во гасење на пожарот, синоќа од околу 1 часот по полноќ, интервенираат девет гостиварски пожарникари со три противпожарни возила. На испомош биле испратени уште четворица пожарникари со едно противпожарно возило од тетовската противпожарна единица, кои интервенирале до 4 часот наутро.
Во текот на гасењето на огнените јазици еден од пожарникарите паднал од скали и се повредил. Пренесен е во Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар.
Според информациите на ЦУК, два од три објекти на магацинот се целосно изгорени, а третиот е делумно изгорен.
Пожарот е локализиран во 5:30 часот утринава, но гостиварските пожарникари сè уште се на терен бидејќи има жар и чад во објектите на магацинот.
Причините за пожарот засега се непознати.